Македонија
5. November 2018 - 10:05

Железничка несреќа во скопско: Товарен воз удри во автобус, повредени две лица

Две лица се здобиле со повреди во железничка несреќа која се случила вчера околу 10:15 часот во село Свиларе.

Од полицијата информираат дека на патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево, се случила железничка незгода во која товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д.  удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, скопско.

-Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Железничкиот сообраќај  бил  во прекин во времето од 10.15  до 15.20 часот.