Македонија
10. January 2016 - 13:06

Железничка несреќа ја потресе Македонија

Синоќа во 22 часот на дел од пругата помеѓу железничко стојалиште село Теово и железничко стојалиште село Согле, патнички воз број 645 кој сообраќа на релација од Скопје кон Битола, управуван од машиновозачот Ц.Т.  наишол и удрил во одрон на пругата ( камења и земја) кои биле на самата пруга, при што од ударот направена е материјална штета на моторната гарнитура и истата е излезена од пругите. Повредени патници и возен персонал за среќа нема.