Бизнис
14. December 2018 - 16:20

Железницата до Софија готова за десет години

За нецели 10 години од сега, пругата до Софија ќе биде во функција. Делот од македонска страна ќе биде готов во 2025, бугарската страна има рок до 2027 да ја заврши својата работа. Макеоднските власти тврдат дека проектот стар повеќе од две децении забрзува и тоа на сите три делници.

Сите правни пречки на првата делница од Куманово до Белјаковце се надминати и за 18 месеци ќе биде готова. Втората фаза од Белјаковце до Крива Паланка ќе почне да се гради догодина и ќе заврши за четири години. Третата најскапа и најтешка фаза од Крива Паланка до границата ќе заврши во 2025. Таа ќе чини 370 милиони евра, а обезбедени се 60 милиони д нив преку ЕУ.

Станува збор за исклучително стратешки проект и согласно договорот којшто го имаме со Бугарија, можам да кажам дека нивните обврски во целост треба да бидат завршени до 2027 година, а Република Македонија мора до 2025 година комплетно да ги заврши нејзините обврски. Така што во овие неколку години бидејќи се работи за стратешки проект на Коридорот 8, од нашата страна ќе биде максимално испочитуван рокот, а се надеваме дека нема да има проблеми и од страна на Бугарија, рече Сугарески на денешното потпишување на договорот во Министерството за финансии.

Пругата кон Бугарија дел од Коридорот 8 е стратешки прокет и за Европа и затоа финансиски е поддржан од Унијата. Денеска беше мпотпишан договорот за грант во висина од 68, 6 милиони евра ко ќе бидат наменети за изградба на втората фаза.

„Ова се грант средства за кои не плаќаме камата. Ова се неповратни средства. Станува збор за навистина висок износ ако се земе предвид дека сите земји од Западен Балкан конкурираат за годишно 100-150 милиони евра, рече Тевдовски.

Овие пари се највисоката сума неповратени средства што земјава ги има добиено за изградба на инфраструктура.

„Штом проектот ќе заврши, граѓаните од двата главни града Скопје и Софија ќе ја поминуваат разделеченоста со воз, но што е уште поважно транспортот на стока ќе биде поевтин и полесен, рече евроамбасадорот Жбогар.

Вкупната должина на пругата до бугарската границџа е околу 8ж5 километри, а целата инвестиција се проценува на 600 до 700 милиони евра.