-->
-->
Железарец на прием во АМС
-->
Македонскиот футсал првак Железарец денеска беше на прием во Агенцијата за млади и спорт. Во елитната фаза од Футсал купот на УЕФА (што заврши во саботата) на турнирот во Пескара Железарец запиша две победи, со што ја освои втората позиција во групата и со тоа и неофицијалното шесто место оваа сезона во ова натпреварување.
На приемот во АМС беше договорено да се организира ревијален натпревар меѓу футсал репрезентацијата на Македонија и најдобрите во футсал во училишен спорт, како и поголема популаризација на футсалот во училиштата и подготовка на концепт за развој на футсалот во Македонија.
- Овој успех може и треба да го афирмира футсалот во Македонија, а за тоа имаме потенцијал, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и притоа ја искажа заложбата за соработка.
Инаку, футсал репрезентацијата на Македонија од 3до 8.декември ќе има подготовки за квалификациите за СП , додека натпреварите ќе се играат во периодот од 10 до 14.декември во Бари. Македонија е во групата со Италија (домаќин), Словачка и Молдавија. Инаку, нашата репрезентација можно е да добие и засилување колку Бразилецот Даниел де Соуса добие македонско државјанство и со добивањето на македонскиот пасош ќе може да настапи на квалификациите во Бари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги