Жбогар: Законот за јазиците ќе ги подобри односите во земјата и ќе ја врати реформската агенда
Донесувањето на законот за јазиците ќе ги подобри односите помеѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда, е оценка на евроамбасадорот Самуел Жбогар, подвлекувајќи дека ЕУ се оптимисти во спроведувањето на законот.
Шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија одговарајќи на новинарско прашање околу законот кој минатата недела беше донесен во Собранието појасни дека меѓуетничките односи во мултиетничките општества треба константно да бидат негувани и да растат со што се подобрува климата на соживотот во едно општество.
- Јас разбирам дека законот за јазиците е важен за Албанците и тие го гледаат како последниот чекор, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор. Донесувањето на овој закон за Албанците е од важност бидејќи така се чувствуваат поценети и прифатени во општеството и самата земја, рече Жбогар.
Според евроамбасадорот во случај кога правата на една, немнозинска заедница се подобруваат тоа не би требало да им пречи или да се меша со правата на мнозинската заедница.
- Мислам дека мнозинската заедница не би требало да се почувствува дека на кој било начин нејзините права се загрозени. Чувствувам дека кај мнозинската заедница постои таков страв. Ние како ЕУ одблиску го следевме донесувањето на законот за јазиците и очекуваме тој да биде испратен до Венецијанската комисија, како впрочем и беше наведено во планот 3-6-9. Се надеваме дека овој закон ќе започне со имплементација и целосно почитување на европските стандарди и европските позитивни практики. Секако, очекуваме и дека имплементацијата ќе биде почитувана од сите чинители во општеството и во близок дијалог, подвлече амбасадорот Жбогар.
Тој очекува законот за јазиците да стапи во сила поскоро, со што, како што нагласи, ќе им се даде простор на Собранието и Владата да се фокусираат на европската агенда, која треба да биде приоритет.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите