Жбогар: Усвоените реформски закони ја потврдуваат заложбата на земјата за интеграција во ЕУ
Го поздравувам усвојувањето на повеќе реформски закони, вклучително и Законот за јавно обвинителство. Нивната имплементација треба да го зајакне владеењето на правото и ќе овозможат подобра професионализација и ефикасност на судството за добробит на граѓаните на Македонија, објави денеска евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар во пишана изјава.
Евроамбасадорот, во пишаната изјава, наведува дека поздравува фактот што Собранието пред да се распушти поради закажаните избори на 12 април, ги донесе и Законот за Советот за јавни обвинители и Законот за управување со движењњето на предметите во судовите.
Овие закони, заедно со Законот за лицата без регулиран граѓански статус, и Изборниот законик, кореспондираат со препораките на Извештајот на ЕУ за земјава и ја потврдуваат заложбата на Македонија да продолжи по патот на интеграцијата во Европската Унија, наведува Жбогар.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација