Жбогар: Македонија да продолжи со реформите
Идните заеднички односи меѓу Европската унија и Македонија ќе се базираат на три столба поставени од Унијата и три приоритети кои земјата треба да ги заврши како обврски, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар во обраќањето на денешната тркалезна маса насловена „Патот кон НАТО и ЕУ – предизвици и перспективи“ организирана од Советот на амбасадорите во соработка со кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.
Според него, првиот столб на ЕУ се однесува на новата методологија на преговорите за членство што треба да ја претстави Европската комисија, вториот е во врска со одлуката за почеток на преговори на која од лидерите на ЕУ се очекува да се осврнат пред загрепскиот Самит во мај, и третиот е самиот Самит во Загреб, кој ќе се фокусира на економски развој и закрепнување на регионот.
Од друга страна, Македонија, како што рече евроамбасадорот, треба да продолжи со реформите, особено во делот на правосудството, борба против корупција и организиран криминал и реформа во разузнувањето, со цел, како што вели, граѓаните да се сигурни дека сите се еднакви пред правдата, дека криминалот се санкционира и оти основните права се почитуваат.
Тој изрази надеж дека новиот закон за јавното обвинителство ќе биде усвоен пред Собранието да се распушти. Предложеното законско решение, како што вели Жбогар, е добра основа за да се донесе консензуална одлука. Евроамбасадорот апелира опозицијата и во овој случај да покаже конструктивност и посветеност на европската иднина на земјата.
Предвремените парламентарни избори, рече тој, претставуват можност земјата да покаже политичка зрелост, спроведувајќи кампања и избори согласно меѓународните стандарди.
Импементацијата на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија треба да продолжи, бидејќи, како што вели, тие се позитивен пример во регионот за зајакнување на добрососедските односи.
На тркалезната маса говорници беа и амбасадори на земји – членки на ЕУ, амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, наши поранешни амбасадори и претставници на СЕП.
Ново на Сител
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок