-->
-->
Жална вест: Почина Милан Недков, беше македонски професор и уставен судија
-->
Почина Милан Недков, професор на Правниот факултет и поранешен уставен судија.
Професорот Недков од 1997 до 2000 година беше претседател на Уставниот суд.
Во 1974 година бил избран за редовен професор на Правниот Факултет. Бил наставник на редовните студии по предметите: Наука за управувањето и Трговско статусно право. Предавал на студиите по новинарство и на групата Филозофија на Филозофскиот Факултет во Скопје. На постдипломските студии држел настава на повеќе курсеви од областа на политичките науки и трговското статусно право.
Повеќе години бил раководител на Одделението за политиколошки истражувања на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, а четири години бил директор на овој Институт. Недков учествувал како раководител и истражувач во реализацијата на повеќе проекти, особено посветени на истражување на изборните процеси и јавното мислење.
Повеќе години бил главен и одговорен уредник на списанието за теоретски прашања “Погледи”. Објавил повеќе студии и учебници, како голем број статии и есеи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина