Македонија
15. November 2019 - 14:32

Зголемување на платите во здравството за 15 проценти на сите, или работна непослушност на медицинските сестри

Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри бараат линеарно зголемување на платите, односно 15 проценти да биде за сите здравствени.

Велат дека најавите од повисоки плати од 25 проценти на специјалисти и 10 на сестри го зголемува јазот меѓу овие две професии, иако работат тимски и наместо соодносот да е 1:2 сега ќе бил 6:2 лекар сестра. За изјавата на министерот Филипче дека ова е историски договор за зголемување на платите, од Унијата велат дека тој ќе ги врати во историјата сестрите или пак преку граница.

Денеска унијата на здруженија има средба со Самостојниот синдикат за здравство на кој ќе бараат прифаќање на нивните барања.

 

Сања Димитровска