-->
-->
Зголемено нивото на реката Вардар во Велес, засега нема опасност од излевање
-->
Нивото на реката Вардар во Велес,под Мало мовче денеска изнесува 250 сантиметри, што е повеќе за 112 сантиметри споредено со вчера пред врнежите, кога изнесувал 138 сантиметри.
Според информацијата од Наташа Петрова од Центарот за справување со кризи, критичната точка за излевање на Вардар во Велес е 259 сантиметри, што е за само 9 сантиметри повеќе од сегашното ниво.
- Поради тоа што денеска престанаа врнежите од дожд, засега нема опасност од излевање на водите на Вардар во Велес.Но поради тоа од УХМР има најава од нови врнежи од дожд што ќе значи и понатаможно зголемување на нивото на водите во Вардар,како што сме информирани од локалната власт тие постојано се на терен и ја следат состојбата, а со цел навреме да реагираат во случај на излевање на Вардар, потенцира Петрова.
Инаку, градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Р. Македонија Илија Димовски денеска излегоа на терен и направија увид во состојбата по течението на реката Вардар.Тие на терен се сретнаа и разговаа и со претставници на месните заедници и од Територијалната Противпожарна Единици.
- Поради зголемениот водостој на Вардар и најавата за нови врнежи кои можат да бидат критични за Вардар за негово излевање, нашите служби од Општина Велес. будно го следи водостојот на Вардар, но и на другите реки во Велес и велешко, потенцира Чадиев.
Тој најави дека во текот на денот ќе се состане и Кризниот штаб и доколку се појави потреба итно ќе се дејствува на терен,за да навреме се евакуира населението чии куќи и викендички се непосредно покрај реката Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје