Зголемено нивото на бучава во Куманово

Најбучна крстосница во Куманово и во дневните и ноќните часови е во близина на Реонскиот пазар на булеварот „Окомвриска револуција“, а најтивка е во населбата „Гоце Делчев“ во близина на „Турска Пекара“, покажуваат податоците од мерењето на бучавата што го извршија стручните екипи од кумановскиот Центар за јавно здравје. Генерално нивото на целодневната бучава во Куманово е зголемено од пет до десет децибели во однос на утврдените граничните вредности.
- Има отстапувања на сите мерни места, пет во втората зона и пет во третата, изјави, специјалистот по комунална хигиена, доктор Мимоза Величковски.
За втората зона е карактеристично што се лоцирани домаќинства и објекти од примарна здравствена, детска заштита, во третата има и индустриски објекти и утврдена е повисока вредност на бучавата.
Мерењата на бучавата Центарот за јавно здравје и општина Куманово ги спроведуваат два пати годишно со што се опфаќа комуналната бучава (сообраќај, угостителски објекти, градежни активности...). Министерството за животна средина и просторно планирање ги одредува локациите каде се мери бучавата.
Непријатните звуци влијаат врз здравјето на граѓаните од степен на вознемиреност, до несоница и проблеми со кардиоваскуларниот систем. Особено чуствителни се најмладите и највозрасните.
Ново на Сител
-

МОН воведува нови стипендии - за втор и трет циклус на студии по македонски јазик
-

Субвенции за енергетска ефикасност: Граѓаните сè повеќе инвестираат во инвертер клими, а интересот за гас значително опаѓа
-

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот
-

Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност
-

Кавадарчанец со „мерцедес“ возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет
-

Ѓорѓиевски-Ле Риголер: Претставена визијата за долгорочен развој на Скопје, заснована на одржливи политики, европски стандарди
-

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори
-

ВМРО ДПМНЕ и денеска негира дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија
