Македонија
9. August 2018 - 18:47

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце

- Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
 
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
 
На ГП Табановце е забележана зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата, е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.