Македонија
19. February 2021 - 12:25

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Охриското Езеро за една недела се покачи за 7 сантиметри. Снегот го наполна водниот басен кој изминатиот период беше на загрижувачко ниско ниво но постојаните варирања според екологистите негативно влијаат на животниот и растителниот свет во езерото тие стравуваат дека со повлекувањето на подземните води може да дојде и до локални потреси но и уништување на културно историските споменици и објектите лоцирани на самото крајбрежје.

Наумоски вели дека покрај стабилизирање на нивото итно е потребно и решавање на еколошките проблеми со кои се загадува езерото.

За жал изминативе години Охридското Езеро е жртва на човековата негрижа од несовесните загадувачи, но и од урбаниот хаос од бетонски градби и платформи на самиот брег.