Балкан
16. December 2017 - 21:49

Зголемен кредитниот рејтинг на Србија

Агенциите за оцена на кредитниот рејтинг „Fitch Ratings“ и „Standard and Poor's“ го зголемија кредитниот рејтинг на Србија од „ББ минус“ на ниво „ББ“, со стабилни изгледи за негово унапредување, соопшти српското Министерство за финасии.

Во соопштението се наведува дека поголемата оценка на „Fitch Ratings“ за кредитниот рејтинг на Србија се должи на унапредувањето на јавните финасии кои се подржани и од фискалниот резултат.

„Fitch“ во оценката посочува очекувања дека српската Влада ќе продолжи со спроведувањето на програмата за фискална консолидација и на структурните реформи и во периодот на 2018 до 2019 година.

Агенцијата истакнува дека односот на јавниот долг и на БДП е подобрен и стабилен, а по значителниот пад во 2017 година на 63,6% од БДП, „Fitch“ очекува натамошен пад на 62,1% од БДП во 2018 година и на 60,6 % во 2019 година.

Агенцијата исто така истакнува дека дефицитот на тековната сметка во целост ќе биде покриена со странските инвестиции, се истакнува во соопштението.

Во исто време, според втората агенција „Standard and Poor'се“ проценува дека српскиот БДП ќе продолжи да расте и во периодот од 2018 до 2020 година и дека растот ќе биде заснован пред се на приливот на странските директни инвестиции и на поголемата лична потрошувачка што ке биде поттикнато од растот на вработувањата, платите и на стабилниот прилив на дознаки.

И покрај очекуваното зголемување на платите во јавниот сектор во 2018 година, оваа агенција прогнозира во Србија фискалниот дефицит да изнесува во просек околу 1,5% во периодот од 2017 до 2020 година.

Покрај намалувањето на дефицитот на тековната сметка, агенцијата   „Standard and Poor'се“ очекува и подобрување во структурата на надворешниот долг, како и дека нето-приливот на директни странски инвестиции во наредниот период целосно ќе го покрие дефицитот на платниот биланс, се истакнува во соопштението