Бизнис
1. August 2016 - 20:09

Зголемен интересот кај граѓаните за купување дом, лани одобрени половина милијарда евра станбени кредити

Лани македонските банки одобриле половина милијарда евра станбени кредити. Бројката е двојно поголема од 2010 година ког биле одобрени околу 260 милиони евра кредити за купување стан.

Ваквиот нагорен тренд се должи на три фактори, коментираат познавачите. Ниските камати, поевтиниот квадрат и владиниот прокет Купи куќа купи стан кој се применува од 2012 година.

Во 2010 стабнените креидти имаа камата од над 8%, лани таа изнесуваше нешто над 3%. Покрај тоа се подобрија и условите, па фиксната камата наместо за 3 години, сега важи за период од 5 години.

Вториот фактор  се пониските цени на становите. Анализите покажуваат дека цената на метар квадратен  во послендите години е намалена за 100 евра или за стан од 50 кавдрати заштедата достигнува до 5000 евра.

Третиот фактор с евладините субвенции за купивање стан. Во 2015 година, според банкарските евиденции,  секој четврти кредити за стан бил преку владиниот прокет.

Банкарите велат дека по заострувањето на кредитирањето  во првата половина од оваа година, сега условите за земање станбен кредит ќе се релаксираат.  Дополнително влијание ќе има и новиот владин проект Купи куќа за млади кој нуди поволности за подигање кредити за изгрдба на куќа за млади до 35 години.