Балкан
18. November 2016 - 8:47

Зголемен бројот на Турци кои бараат азил во Германија

Бројот на Турци кои бараат азил во Германија се зголемил во оваа година и постојано расте по обидот за пуч во Турција на 15 јули, објави медиумската група Функе Медиенгрупе цитирајќи владини извори.

Во Гермнаија биле примени 4.437 молби за азил од турски граѓани во периодот меѓу јануари и октомври споредбено со 1.767 молби за целата 2015 година.

Во првите шест месеци од годината имало 350 кандидати за азил од Турција месечно, и потоа таа цифра постојано расте достигнувајќи 485 во октомври.

Властите очекуваат тој број и понатаму да се зголемува.

– Не можеме да ги решиме сите проблеми во Турција ако ги поканиме сите Турци кои упатуваат критики за властите да поднесат барање за азил. Точно тоа и го сака Ердоган – опозицијата да исчезне, изјави Штефан Маер висок претставник во христијанско-социјалната унија, баварски партнер на христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел.