Македонија
21. January 2023 - 16:37

Зголемен бројот на социјално ранливи во Охрид

Сиромаштијата зема замав. Економската и енергетската криза го зголеми бројот на социјално загрозени лица. Преку 600 семејства од охридскиот регион односно 2500 лица се на раб на егзистенција барајќи помош да се прехранат, да се снабдат со дрва за да се згреат оваа зима, но и начин како да ги платат сметките за струја за да не останат во мрак.

Од Црвениот крст посочуваат дека за најранливите обезбедуваат прехранбени производи, лекови и лекарски прегледи, а многу често вршат и транспорт до некои клиники за оперативни зафати.

Од Црвениот крст апелираат до фирмите и оние граѓани кои се во можност да донираат, да бидат хумани, да им помогнат на оние кои во овој период едвај сврзуваат крај и со крај и на кои им е најпотребно.