Македонија
30. November 2015 - 14:55

Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во октомври годинава е зголемен за 2 отсто во однос на истиот месец лани, а во првите десет месеци од 2015 година пораснал за 1,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 2 отсто, а пораст има во секторите Преработувачка индустрија од 2,4 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,8 отсто. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,2 процента и Капитални производи за 18,4 проценти, додека опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 и Енергија за 1,3 отсто.