Македонија
14. September 2015 - 13:48

Зголемен бројот на чешки полицајци на границата со Австрија

Чешкото Министерство за надворешни работи го зголеми бројот на припадниците на полицијата во близина на границата со Австрија засега за 200.
 
Како што соопшти портпаролката Катерина Рендлова, засилена е контролата на три железнички и 11 места на автопатиштата, но локациите не се соопштуваат.
 
Мерките се преземени заради очекувањата преку Чешка да се обидат да поминат повеќе бегалци кои одат од Австрија до Германија, откако Германија најави обновување на контролите  на германско-австриската граница. 
 
Се очекува бројот на полицајците да се менува во зависност од движењето на бранот на мигранти.