Балкан
17. September 2020 - 19:27

Зголемен број смртни случаи од Ковид-19, но и новозаболени во Грција

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број на смртни случаи од Ковид-19, починаа девет лица, што е рекордно висок број, додека пак зголемување има и во однос на новозаболените, 359 за едно деноноќие, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, 69 лица се лекуваат, приклучени на апарати, а од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 14.400 позитивни случаи, додека пак починаа 325 лица.

Од денешните 359 нови случаи, речиси 60 отсто се во областа Атика, поширокиот дел на Атина.