Балкан
14. July 2020 - 19:49

Зголемен број случаи на Ковид-19 во Грција

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 58 нови случаи на Ковид-19, од кои 28 се по направените тестови на влезните точки во земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, меѓу останатите 30 случаи, уште шест се кај туристи, кои доброволно се тестирале за време на нивниот престој во Грција.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 3.883 случаи на Ковид-19 во Грција.