Зголемен број нови случаи на Ковид-19 во Грција и на Кипар
Во изминатите 24 часа во Грција беа соопштени 78, а на Кипар 25 нови случаи на Ковид-19, со што регистриран е зголемен број на позитивни случаи на дневна основа и во двете земји.
Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 78 нови заразени, од кои десет по направените тестови на влезните точки во земјата, а во изминатите 24 часа починаа три лица.
Бројката на нови случаи е највисока во изминатите пет дена, а од понеделникот до денеска се регистрирани вкупно 287 новозаразени.
Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.477 заразени со Ковид-19, а починаа 206 лица.
Министерството за здравство на Кипар соопшти 25 нови случаи од 1.850 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.114 лица.
Бројката на новозаразени на Кипар е особено висока, со оглед на тоа дека во изминатиот период, дневните случаи се движеа од нула до шест.
Ново на Сител
-
Вакцините на АстраЗенека и Фајзер го намалуваат ризикот од хоспитализација за 80 отсто
-
Василевска: Пописот нема да биде одраз на реалноста, туку на политички договор
-
Угостителите и Владата не постигнаа договор
-
Синот на Сулејман Реџепи е ранетиот полицаец во кого попладневно беше пукано од возило во движење
-
Радев на состанок во шефовите на бугарските специјални служби заради „повреда на правата на Бугарите во Македонија“
-
Украински лекари не се вакцинираа против Ковид-19, па вакцините мораа да бидат фрлени
-
Медицинскиот дел од Кризниот штаб во Србија предложи полициски час и забрана за контакти
-
ЕУ воведува санкции против четворица високи руски претставници поради Навални