Македонија
12. September 2016 - 14:41

Земјотресот во 14:20 со епицентар во Црешево

Земјотресот кој пред малку, во 14:20 го стресе Скопје бил со интензитет од 3.7 степени според Рихтер, покажува мерењето на Европската макросеизмичка опсерваторија. Епицентарот бил во близина на селото Црешево. Почувствуван е во Скопје и околината.

Претходно, земјотрес со јачина магнитуда од 2,3 по Рихтеровата скала го потресе Скопје денеска во 11 часот и 50 минути.

Двата земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.

Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси. 

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.