Македонија
30. March 2021 - 9:56

Земјотрес регистриран утринава во близина на Маврово

Утринава во 06 часот и 15 минути регистриран земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.