Македонија
9. April 2017 - 10:22

Земјотрес рано утрово ги стресе прилепчани

Силен земјотрес утрово во 7.40 часот ги вознемири прилепчани.

Земјотресот особено го почувствувале оние кои живет на повисоките катови од станбените блокови. Дел од станарите ги напуштија своите станови.

Освен вознемиреност и страв материјална штета не е предизвикана.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар во 7:40 регистриран е земјотрес со епицентар во Грција со јачина од 3.7 степени по Рихтер.

zemjotres-grcija