Македонија
29. March 2020 - 19:30

Земјотрес почувствуван во Штип и околината

Во Штип и околината денеска е почувствуван земјотрес со интензитет од три до четири степени по Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е регистриран во 12:35 часот со епицентар на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од штипското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда 3,5.