Македонија
31. March 2023 - 12:07

Земјотрес почувствуван во повеќе градови во Македонија

Tелеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 31.03.2023 година регистрираше земјотрес 65 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе - Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 31 минути со Рихтерова локална магнитуда ML1.9 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.