Македонија
12. March 2021 - 14:52

Земјотрес почувствуван во јужниот дел од државата, епицентарот во Грција

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 13:57 часот во јужните делови од државата.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 230 километри јужно од Скопје, во соседна Грција со рихтерова магнитуда од 5,6 степени.