Балкан
20. December 2016 - 11:48

Земјотрес од 5,3 степени по Рихтер регистриран во Егејското Море

Умерен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска околу 8 часот, близу грчкиот остров Нисирос во Егејското Море, јавува грчката телевизија „Антена".

Епицентарот е лоциран на 23 километри југозападно од островот, на длабочина од 105 километри. Потресот се почувствувал на островите Кос,Тилос и Астипалеа. Нема информации за настрадани и материјални штети.

Според Европскиот средоземноморски сеизмички институт, јачината на потресот била 5,5 степени по Рихтер.