Балкан
4. November 2021 - 10:32

Земјотрес од 3,5 степени го стресе тлото на Албанија

Албанија рано утринава беше потресена од земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Се наведува дека епицентарот бил на 23 километри југозападно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

Приштински „Коха“, повикувајќи се на ТВ А2 во Албанија, јавува дека земјотресот не предизвикал материјална штета.