Свет
26. December 2018 - 10:03

Земјотрес на Сицилија, 4 лица повредени

Четири лица се повредени, а причинета е и материјална штета во земјотресот со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала кој синоќа го погоди италијанскиот остров Сицилија.

Ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност. Неколку куќи во провинцијата Катанија биле делумно разурнати, а автопатот кој ги поврзува градовите Катанија и Месина е затворен поради оштетување на асфалтот.

Епицентарот на потресот се наоѓал 170 километри источно од градот Палермо, на длабочина од два километра под површина на земјата, соопшти Европско-Средоземноморскиот сеизмолошки центар.

МИА