Македонија
22. November 2018 - 22:39

Земјотрес го стресе Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево на 22.11.2018 година во 17 часот и 48 минути регистрирше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2.6 чиј епицентар се наоѓа 35km северно од Скопје на границата со Косово.

Земјотресот беше почувствуван во Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.