Бизнис
8. July 2016 - 20:04

Земјоделскиот инспекторат изрече казни во висина до 50 илјади евра

Четири компании за  производство  нa семенски материјал заработија парична казна од 30 до 50 000 евра од  инспекторатот за земјоделство , поради регистрирани неправилности во работата. Инспекторатот ги засилува контролите на терен.  Ќе врши увид на работата на производителите од почетокот на процесот , па се до пласманот на семенскиот материјал, со цел на земјоделците да им се обезбеди квалитетно семе.

Во изминативе 5 -6 месеци инспеткоратот  посвети големо внимание на производството на семеен материја. Од вкупно 21 регистриран производител кај четири фирми  се констатирани неправилности во работата и тоа  во  пакувањето , декларациите поради што се санкционирани и им се изречени парични  казни, рече директорот на државниот инспекторат  за земјоделство Цветан Трупуновски.

Сите производители  имаат обврска кога ќе  ја  соберат  жетвата да го известат инспекторатот , за да можат надлежните да извршат контрола на квалитетот и на количината која е пријавена како семенски материјал. Од оваа година се воведуваат и  посебни вонредни контроли.

Македонија има квалитетна пченица, но со вонредните контроли дополнително ќе се потврдува. Уште еднаш апелираме дека инспекторатот ќе ги засили конторлите на терен и нема да дозволиме манипулација било тоа да е од домашните производители или пак од увоз од трети земји, зошто без квалитетен семенски материјал не може да има квалитетно производтсво во земјава, рече Цветан Трипуносвки- директор на државен инспектора за змејоделство

Во регистарот на инспекторатот на  земјоделство , вкупно се регистрирани 21 производител на семенски материјал.