Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
Земјоделците од Иловица и Штука излегоа на протест, револтирани се од ниската откупна цена на младиот компир
Наместо на нива, земјоделците од струмичките села Иловица и Штука со тракторите и земјоделската механизација излегоа на протест. Незадоволни од ниската откупна цена на младиот компир тие го блокираат патот и раскрсницата што води до овие две населени места. Револтирани се поради падот на цената на 15 денари за килограм што според нив не може да ги покрие ниту трошоците за производство.
Според земјоделците, најниската цеца по која треба да се откупува младиот компир е 25 денари. Се под таа цена за нив било чиста загуба.
Во знак на протест и незадоволство од моменталната состојба и ниските откупни цени земјоделците од Иловица и Штука од вчера имаат меѓусебен договор да не подигаат амбалажа од откупните пунктови и да не го предаваат родот. Освен производителите на компир незадовони од ниските откупни се и производителите на пролетна зелка. За ова пред десетина дена реагираше и претседателот на потсекторската група за градинарство кој побара интервенции од државата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар