Балкан
22. January 2016 - 13:32

Земјоделците го блокираа автопатот Атина-Солун

Грчките земјоделци во моментов со трактори го блокираат автопатот Атина-Солун кај долината Темпи, а протестот ќе трае уште најмалку половина час.

Земјоделците од Тесалија соопштија дека ова е само предупредување, затоа што фармерите од Темпи ги повикале претставниците на земјоделците од сите делови на Грција да ги координираат своите активности, по што секојдневно може да се очекуваат блокади на разни делови од автопатот.

Земјоделците бараат од премиерот Алексис Ципрас да почнат од почеток преговорите за социјалното осигурување, оданочувањето и цената на производите.