Бизнис
26. October 2015 - 15:06

Земјите од регионот ќе ја зајакнуваат банкарската супервизија и регулатива

Европскиот банкарски орган и супервизорските органи на Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Република Српска потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот е склучен под покровителство на Виенската иницијатива која е јавно-приватна мрежа воспоставена во 2009 година за заштита на финансиската стабилност во земјите од Централна и Источна Европа.

Како што соопшти НБРМ денеска, со потпишувањето на овој меморандум се признаваат напорите во овие земји за унапредување и зајакнување на банкарската супервизија и регулатива и нивно приближување кон стандардите и практиките присутни во Европската Унија.

Со Меморандумот, како што наведуваат од НБРМ, се воспоставува и рамка за соработка и размена на информации со Европскиот банкарски орган, се олеснува учеството на супервизорските органи во супервизијата на банкарските групи од Европската Унија присутни во овие земји, а се зголемуваат и можностите за натамошно јакнење на капацитетот на супервизијата.