Зеленски: Украина ќе биде дел од Европската унија
Украина „ќе биде дел од Европската унија“, изјави нејзиниот претседател Володимир Зеленски пред објавувањето на извештајот за напредокот на Украина, која има статус на кандидат за прием во членство во Унијата.
-Утре е важен ден, кажа тој синоќа во своето редовно обраќање со некаква порака до сонародниците, оценувајќи го за „историски“ извештајот што денеска ќе биде официјално објавен.
Европската комисија денеска ќе ја објави својата оценка за состојбата на напредокот на голем број земји кандидати и ќе одлучи дали да ги отвори пристапните преговори со Украина, Молдавија и Грузија, што ќе биде потврдено на самитот на ЕУ во Брисел во средината на декември.
Зеленски потврди дека неговата земја веќе ги подготвува следните чекори, особено со зајакнување на институциите.
-Украина ќе биде дел од Европската унија, вети претседателот, осврнувајќи се на „долгиот пат“ што е веќе поминат во приближувањето кон ЕУ од јуни 2022 година, кога Украина го доби статусот на кандидат за прием, што е многу симболичен гест, забележуваат француските медиуми.
За да премине во следната фаза – отворање на претпристапните преговори, Европската комисија дефинираше седум референтни критериуми за Украина, услови што таа треба да ги исполни, особено во однос на борбата против широко распространетата корупција и судските реформи.
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
-
OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“
-
Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција
-
Романците денеска излегуваат на парламентарни избори во атмосфера на политички превирања
-
Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
-
Европската комисија „Фон дер Лајен 2“ стапува на должност
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег