Loading Video...
Свет
21. April 2021 - 12:29

Зеленски го покани Путин на средба за да се смират тензиите меѓу двете земји

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го покани рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас, за да се смират тензиите меѓу двете земји.

- Подготвен сум да одам понатаму и да Ве поканам да се сретнеме во кој било дел од украинскиот Донбас, каде што се води војната, посочи Зеленски.

Тој наведе дека Украина е подготвена да се бори за мир преку дипломатијата и во исто време се подготвува да се одбрани.

Западните земји неодамна изразија загриженост за наводното интензивирање на руските агресивните акции во Украина, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека прераспоредувањето на руските трупи не е закана кон никого.

Истовремено Русија останува на ставот за ограничување на навигацијата на странски воени бродови во Црното Море во близина на Крим, отфрлајќи ги обвинувањата на Украина и Западот. За денеска пак е најавено обраќање на претседателот Владимир Путин во рускиот парламент.