Зеленило, цвеќе и детско игралиште зад „Зелен пазар"
Просторот околу станбените блокови зад „Зелен пазар“, на потегот од булевар „11 Октомври“ до улица „Македонија“, ќе добијат нов изглед.
Како што соопшти општина Центар, станува збор за простор од околу 8.000 м2 каде што целосно ќе се реконструира тревникот и ќе се засадат нови 2.300 садници, кои ќе се наводнуваат со автоматски систем приклучен на хидрантската парковска мрежа. За поголема разиграност на просторот, планирани се неколку алпинетуми, формирани од различен вид садници, како и цветни леи со 3.000 петунии.
Во паркот, исто така, ќе бидат посадени листопадни и зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривачи, како и две зимзелени магнолии. На старото детско игралиште ќе бидат поставени нови и современи реквизити.
Општина Центар со тоа комплетно го реновира целиот Градски ѕид, во сите негови сегменти обновено е зеленилото, насадени се нови дрвја и цвеќе, поставен е систем за полевање и нови детски игралишта.
Ново на Сител
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи
-
Семејното насилство станува скоро секојдневие, а службите бараат поголеми мерки за негово спречување