Здружението „Порака" доби канцеларија во Македонска Каменица

Локалната организација на Центарот за поддршка на лица со интелектуална пореченост „Порака" од Македонска Каменица доби нови простории во центарот на градот за непречено и комплетно функционирање.
Како што истакна секретарот на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост, д-р Василка Димовска, отворањето на овие простории ќе значи голема дружба и работа на родителите, но пред се ќе се користи како социјален клуб во кој неколку пати во неделата децата со интелектуална попреченост ќе може да доаѓаат и заедно со волонтери од Центарот активно да бидат вклучени во различни видови на активности.
- Особено ми е драго што после толку години во Каменица се отвори просторија за овие лица кои ќе може да бидат поактивни. Без разлика дали тоа ќе бидат креативни активности, планирање на социјални активности или активност на самите волонтери на родителите и децата ова е голем чекор напред за општина Македонска Каменица во однос на поддршка на овие лица и нивните семејства, а со тоа и во насока на остварување на нивните човекови права како рамноправни граѓани на ова општество, истакна Димовска.
На отворањето присутна беше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која искажа задоволство од отворањето на ваков простор во градот.
- Поддршката од општина Македонска Каменица несебично ќе продолжи, а нашата претходна соработка понатаму ќе биде поинтензивна. Оваа година општината издвои и средства од буџетот за поддршка и во оваа просторија овде се надевам дека наскоро ќе се организираат многу работилници и заеднички проекти, рече Стаменкова.
Здружението „ЦПЛИП Порака" е дел од мрежата на организации на Републичкиот Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост и е родителска организација во која членуваат професионалци од различни профили, но и родители на деца со интелектуална попреченост.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
-

Атлетико Мадрид доби нови сопственици
-

Во украинската корупциска афера вмешан и соработник на Зеленски
-

Роналдо: СП2026 ќе биде мое последно, а ќе играм уште година, две
-

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби
-

На секои 10 следбеници собира една ќеса ѓубре | Филип Ѓорѓиев „Ќеса на 10“ | Sitel Podcast 123
-

Претседател на Чешка: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
