Здравствениот дом од Крива Паланка ќе добие нов ЕХО апарат и мамограф
Здравствениот дом „Димитар Арсов” од Крива Паланка годинава ќе биде опремен со нов ЕХО апарат, инвестиција вредна околу милион денари, а ќе се реализира согласно Програмата за работа на установата за тековната 2020 година.
-Охрабрени од добрата финансиска состојба што успеавме да ја стабилизираме, со планираните активности за тековната година, веќе се работи на набавка на нови медицински апарати и доопремување на целата установа. Прво и многу важно што ни претстоти е набавката на нов ЕХО-томографски апарат со можност за извршување доплер-прегледи на крвните садови, апарат кој вреди околу 1.000.000 денари, бидејќи постојниот апарат кој е сеуште во функција со кој се реализираат прегледите е стар повеќе децении. Исто така, планирано е да се спроведе доопремување на кабинетот за физикална медицина со нови апартати, бидејќи постојните се постари повеќе од 15-тина години, опрема која ќе чини околу 300.000 денари, изјави директорот на здравствен дом, Крива Паланка, Бранко Стаменковски.
Тој додаде дека во завршна фаза е и процедурата за обезбедување уште една донација во здравстевениот дом, повеќе од потребна, мамограф-уред за дијагностика на рак на дојка, бидејќи пациентките од овој крај мораат сега да патуваат за вакви услуги во соседните општини. Ова ќе придонесе за рана превенција и навремена дијагоностика на ракот на дојка и ќе пружи услуга која им е исклучително потребна на сите наши сограѓанки, вели Стаменковски.
Стаменковски истакна дека со планот за работа за 2020 година предвидено е и доопремување на био-хемиската лабораторија со нови современи апарати за крвни анализи, инвестиција која ќе чини околу 500.000 денари.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено