Здравко Мариќ е нов кандидат на ХДЗ за мандатар за состав на хрватската влада
Претседателството на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на телефонска седница одлучи да го избере актуелниот министер за финансии Здравко Мариќ за мандатар за состав на хрватската влада.
ХДЗ соопшти дека нејзиното претседателство одржало телефонска седница на која за нов мандатар од страна на партијата е одреден Мариќ, додека за нов политички секретар на партијата е именуван Домагој Мароевиќ.
Миро Ковач, кој инаку е актуелен министер за надворешни работи, повторно е именуван за меѓународен секретар на ХДЗ.
- Мариќ во досегашните влади на ХДЗ беше висок претставник. Станува збор за експерт кој покажа дека е подготвен за соработка и заклучивме дека тој е најдобар избор за нов мандатар, изјави потпретседателот на ХДЗ, Олег Бутковиќ.
Тој истакна дека не би донесле ваква одлука доколку не се сигурни дека ќе имаат 76 гласа за поддршка во Парламентот.
Премиерот Тихомир Орешковиќ вчера потврди дека нема намера да се повлече од премиерската функција, а на новинарско прашање дали ќе учествува на некоја листа доколку има нови избори, тој не одговорил.
На прес-конференција Орешковиќ повтори дека ќе побара поддршка во Парламентот, кој всушност го избра, а посебно поради обвиненијата против него, за кои тврди дека се невистинити.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација