Македонија
27. April 2018 - 9:57

„Здивот на смртта“ - нова збирка поезија на Зоран Пејковски

Стихозбирката „Здивот на смртта“ е најновиот авторски труд на битолскиот поет и член на Друштвото на писателите на Македонија, Зоран Пејковски.

Станува збор за трагична лирска исповед напишана во мигови кога дошло време за разделба со еднаш и кратко дадениот живот. Средбата со поетската книга „Здивот на смртта“ од Зоран Пејковски, читателот го вознемирува и загрижува, замислува и поразува, нагласува рецензентот на стихозбирата, професорот Васил Тоциновски.

Во рецензентскиот осврт професорот Христо Петрески, посочува дека песните на Пејковски, но и неговите драми, проза... се обиени со некоја тајновитост и мистика, но истовремено се е директно и жестоко. Поезијата од „Здивот на смртта“ е згусната, јадровита, чиста,незамаглена, лапидарна, концизна, мисловна, сликовита и експлицитна, пишува Петрески во рецензентскиот осврт за стихозбирката „Здивот на смртта“. 

Издавач на збирката е книгоиздателството „Феникс“ од Скопје.