Завршува рокот за пријава на кандидати за еврокомесари
Земјите членки на ЕУ имаа до денеска рок да ги пријават своите кандидати за еврокомесари за идниот состав на Европската Комисија, Франција и Италија сѐ уште не го сториле тоа.
Новоименуваната претседателка на Европската Комисија, Германката Урсула фон дер Лајен, од денеска треба да ја започне процедурата на распределување на портфолијата за новите европски комесари.
За разлика од досегашниот состав, идната ЕК ќе има 27 комесари наместо 28 поради истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, додека пак Германија ја доби највисоката функција – претседател.
Најбарани портфолија се економските и финансиските, но конечната одлука и припаѓа на претседателка фон дер Лејн, која од денеска ќе ги сослушува кандидатите, по што ќе изготви список на новиот состав на ЕК. Кандидатите, откако ќе им биде назначена областа, ќе бидат сослушани од европратениците.
Во минатото, се случувало Европскиот парламент да одбие кандидати за комесари. Потоа, Европскиот парламент ќе гласа за целокупниот конечен состав, гласање кое треба да биде одобрено од Европскиот совет, односно шефовите на држави и влади на ЕУ во текот на октомври.
Новата Европска Комисија треба да стапи на функција на први ноември.
Претседателката Урсула фон дер Лајен се заложи за родова еднаквост во идната ЕК, но голем број земји членки сепак назначија мажи. Претседателката побара од земјите да поднесат две имиња за кандидати – маж и жена – но тоа го стори само Португалија. Таа има право да одбие предлози на земјите членки.
Иако рокот за назначување завршува денеска, Франција и Италија сѐ уште не понудиле свои кандидати.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација