Македонија
15. јуни 2021 - 11:15

Завршните зборови за „Организаторите на 27 април“ закажани за 1 јули

Судењето за „Организаторите на 27 април“ влегува во завршна фаза. На денешното рочиште беа изведени последните материјални докази од одбраната на обвинетиот Миле Јанакиевски. Кривичниот совет предводен од судијата Илија Трпков, одлучи на следното рочиште, закажано на 1 јули, Обвинителството да почне со завршни зборови, додека завршните зборови за одбраната се закажени за 6 и 12 јули.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.