Loading Video...
Фудбал
29. May 2020 - 14:12

Завршницата во Лигата на шампионите место во Истанбул ќе се одржи во Германија !?

Германија наместо Турција најверојатно ќе биде домаќин на завршницата на фудбалската Лига на Шампиони. 
 
Ваквата информација ја објави италијанската телевизиска станица „Скај Спорт“ повикувајќи се на свои извори блиски на Европската фудбалска федерација (УЕФА). 
 
Имено, УЕФА ја разгледува можноста полуфиналните и финалниот меч во ЛШ да се играат турнирски на едно место, но наместо Истанбул тоа да биде друг град и тоа во Германија. 
 
Според планот на УЕФА, Лигата на шампионите би продолжила на 7 и 8 август со четирите реванш натпревари од осминафиналната рунда кои не се одиграа во февруари. 
 
Новитет би била и четвртфиналната фаза, односно наместо по два би се играле по еден натпревар и тоа на 13 и 14 август.
Дури потоа би следувал завршниот „фајнал-фор“ турнир, кој би се играл во Германија и тоа по еден полуфинален меч и завршниот финален кој најверојатно би бил на 29 август. 
 
Сепак ова само останува во доменот на претпоставки и шпекулации, за продолжувањето на европските фудбалски купови, не само Лигата на шампионите туку и Лига Европа.