Македонија
23. September 2015 - 8:38

Завршна конференција за проектот „Акциска мрежа за добро владеење“

Завршна конференција за проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, чија цел е подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учеството во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество за справување со важни општествени прашања, денеска ќе се одржи во Скопје.

На конференцијата воведно обраќање ќе има евроамбасадорот Аиво Орав, а говорниците во три сесии ќе дискутираат на темите: добро владеење, корупција, транспарентност и отчетност.

Во рамките на проектот, кој е финансиран од Европската унија, доделени се 16 мали грантови на граѓански организации кои ја формираат Акциската мрежа за добро владеење, која претставува платформа за соработка на граѓански организации, неформални инцијативи и поединци кои работат на полето на доброто владеење.

Акциската мрежа се стреми кон унапредување на доброто владеење како еден од основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции.