Loading Video...
Спорт плус
8. August 2021 - 18:11

Заврши најспецифичната Олимпијада во историјата на која Македонија освои сребро

 
Овие олимписки игри ќе бидат запаметени по неколку пред се би рекле не спортски работи, туку, одлоќувањата, импликациите од пандемијата, празните трибини. 
 
Но. Нам, Македонците ќе ни останат во долго сеќавање пред се поради освоениот медал.
 
Со едно годишно задоцнување во однос на планираното, предизвикано од пандемијата на Ковид-19, олимпијадата во Токио мина пред се со големи рестрикции, како за спортистите, медиумите, но најмногу за љубителите на спортот, како и чести протести на дел од  домаќините кои бараа прекин на игрите. 
 
Карантини, ограничувања, тестирања и што се уште нé, беа дел од мерките кои ги преземаа Јапонците со цел да се намали бројот на позитивни на Ковид. Но, и во такви услови речиси секојдневно доаѓаа информации за нов позитивни. 
 
 
Македонија со осуммина претставници освои сребро - најтрофејни повторно Американците
 
Борилиштата, празни, без публика, гледачи, чуството на спортистите во такви услови неописиво, но до некаде сето тоа не беше проблем, најдобрите, да бидат крунисани во Олимпини. 
 
Меѓу нив и нашиот теквондист, Дејан Геогиевски. Младото момче од скопската населба Бутел, уште пред заминувањето во земјата на изгрејсонцето, најави „Одам на медал, ќе атакувам на злато“. 
 
Да, злато не донесе, но и среброто што блесна на неговите гради не направи гори, не направи одважни. Се надевам дека сите конечно свативме, колку е важен спортот, колку државата добива преку спортот, колку нацијата се чиствува одважна, кога еден спортист ќе се искачи на олимпискиот пиедестал. 
 
Македонија на оваа олимпијада имаше осуммина преставници само еден освоен медал, но и тој не вброи меѓу земјите кои се најдоа на листата на носители на медали, а на оваа олимпијада тоа се рекордни вкупно 86 земји, Македонија меѓунив со едно сребро на 71-та позиција.
Трет пат во низа најтрофејни се Американците кои од вкупно 113 медали, дури 39 освоија од најсјајните, златните. 
 
Веднаш зад нив се Кинезите со биланс од 39 злата и вкупно 88 трофеи, а по нив во „топ 5“ следуваат: домаќинот Јапонија (27 златни 58 вкупно), Велика Британија (22 златни 65 вкупно) и Русија (20 златни 71 вкупно)
 
Меѓу носителите на медали го добивме највозрасниот и најмладиот 
 
Со 62 годишни, Австралијанецот, Ендру Хој стана најстариот медалист на Токио 2020. Тој се натпреваруваше во коњички спорт, а освои два медали, сребрен во екипна конкуренција и бронзен - поединечно, а со тоа ја збогати својата олимписка колекција на вкупно четири медали од Олимписките игри.
 
На прес конференцијата Хој низ шега најави дека ова не е крај на неговата олимписка кариера. 
 
Затоа пак сега најмлада освојувачка на медал во историјата на ОИ е Британката, Скај Браун.
 
13-годишното девојче се закити со бронзен медал во дебитантскиот спорт, скејбординг, кој за прв пат во Токио се појави на олимписката програма.
 
Се гледаме во Париз во 2024-та
 
Ќе има ли вакви и слични историски доживувања на следната летна олимпијада останува да се види, а таа ќе се одржува во „градот на светлината“ Париз, но не за четири како што е вообичаено, туку по три години во 2024-та.