Македонија
20. August 2018 - 11:58

Заврши изградбата на две улици во село Сушево

Општина Василево ја заврши изградбата на две улици во населеното место Сушево. Првата е во должина од 140, а втората од 75 метри. И двете улици се поплочени со бехатонски елементи.

Според градоначалникот Марјан Јанев, со изградбата на овие улици се подобрува пристапот на жителите од ова населено место до нивните домови и се подобрува уличната мрежа во селото Сушево.

За изградбата на двете улици во ова село се потрошени 800 илјади денари.