Фудбал
22. July 2015 - 19:43

Заврши европската приказна за Ибраими и Марибор

Екипата на македонскиот репрезентативец Агим Ибраими, Марибот загуби на гостувањето во Казахстан од домашната Астана со 3-1 со што е елиминирана од квалификациите од Лигата на шампионите каде минатата сезона играше во групната фаза.

Марибор како домаќин победи со 1-0 и играше во еден дел од средбата со играч повеќе. Ибраими беше асистент на единствениот погодок за неговиот тим во 39м.